TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

161 работник загинале за пет години: Несреќите при работа остануваат сериозен системски проблем

23 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Во периодот од 2021 до 2025 година во Македонија се регистрирани 1.180 несреќи при работа, при што 161 работник го загубил животот, покажуваат податоци до кои дојде порталот Инфомакс преку официјални институционални извори. Годишно се случуваат над 200 несреќи, а десетици случаи завршуваат со тешки телесни повреди, што укажува на длабок и долгорочен проблем во областа на безбедноста и здравјето при работа.

„За туѓи бели дворови, копај си црни гробови“, стихот од песната „Денови“ од збирката Бели мугри на Кочо Рацин, и денес ја отсликува реалноста на дел од македонските работници кои секојдневно работат во небезбедни услови.

Годишна статистика со високи бројки

Според официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи, во 2021 година биле регистрирани 213 несреќи при работа, од кои 12 завршиле со смртен исход. Во 2022 година бројот пораснал на 232 случаи, при што 18 работници го загубиле животот – најмногу во анализираниот период.

Во 2023 година се евидентирани 264 несреќи, што е најголем број во последните пет години, со девет смртни случаи и 76 тешки телесни повреди. Во 2024 година имало 229 несреќи, од кои 10 со смртен исход, додека во 2025 година се регистрирани 242 случаи, со 12 починати работници.

Дел од повредите никогаш не се пријавуваат

Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој ги следи овие податоци, вистинската бројка на повреди е веројатно и повисока. Синдикатите укажуваат дека значителен дел од повредите при работа не се пријавуваат, а во одредени случаи работодавачите вршат притисок врз работниците да не пријават дека повредата се случила на работното место.

На овој начин, работниците не само што остануваат без соодветна правна заштита, туку и финансиски се оштетени, бидејќи боледувањето за повреда при работа се исплаќа целосно, за разлика од обично боледување. Воедно, пријавени професионални заболувања речиси и да нема, главно поради сложената процедура за нивно докажување.

Безбедноста како трошок, а не како инвестиција

Од ССМ оценуваат дека кај дел од работодавачите сè уште преовладува ставот дека безбедноста и здравјето при работа се трошок, а не долгорочна инвестиција во човечкиот капитал и работната опрема. Според нив, законот недоследно се применува, инспекцискиот надзор е слаб, а казните за сериозни прекршоци ретки.

Најголем број жртви се бележат во градежниот сектор, по што следуваат земјоделството и други дејности со зголемен ризик.

Законска рамка и институционални најави

Законот за безбедност и здравје при работа ги обврзува работодавачите да обезбедат безбедни услови за работа, соодветна заштитна опрема и редовни обуки за вработените, особено при промени на работниот процес или воведување нови технологии.

Од Министерството за економија и труд, во одговор на новинарски прашања доставени од Инфомакс, информираат дека е планирано започнување постапка за изработка на нов Закон за безбедност и здравје при работа, како и измени на Законот за инспекција на труд, со цел поефикасен надзор и усогласување со важечката регулатива.

Одговорност ретко се утврдува

И покрај законските обврски, во пракса ретко се покренуваат кривични постапки против работодавачи по смртен случај или тешка повреда на работното место. Дел од работодавачите не обезбедуваат задолжителни обуки и заштитна опрема, што дополнително го зголемува ризикот за вработените.

Податоците и сведоштвата укажуваат дека, и покрај постојната законска рамка, безбедноста при работа и понатаму останува сериозен предизвик, кој бара посистемски пристап, построг надзор и реална одговорност.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
14 февруари 2026

Полицијата лиши од слобода 15 возачи поради управување без дозвола

МАКЕДОНИЈА
14 февруари 2026

ЕУ порача: добрососедските односи остануваат клучни за напредокот на Северна Македонија

СПОРТ
14 февруари 2026

Бугарија во топ позиција по олимписки бонуси со 151.000 долари за злато

СВЕТ
14 февруари 2026

Фон дер Лајен: Европа треба да ја зајакне сопствената одбранбена способност во рамки на партнерството со НАТО

СВЕТ
14 февруари 2026

Рубио со силна порака до Европа: Нашата судбина е испреплетена

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
14 февруари 2026

Промена на власта во Иран „би била најдоброто нешто што може да се случи“, вели Трамп

СВЕТ
14 февруари 2026

Јотова: Нема еврочленство без внесување на Бугарите во Уставот на С. Македонија

СВЕТ
14 февруари 2026

Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка

СВЕТ
14 февруари 2026

Руте: Русија не е „моќна мечка“, туку „градински полжав“ – трпи огромни загуби во Украина

МАКЕДОНИЈА
14 февруари 2026

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
14 февруари 2026

Голема Задушница – ден за молитва и спомен на починатите

МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Македонец уапсен во Белград: Од одмазда ја запалил пицеријата каде работел и испратил порака „Гледајте како гори“

МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Битола станува град со доминантно постаро население и сè помалку млади

МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Mајка го оставила новороденчето во болница и си заминала, полицијата и поднесе кривична

СВЕТ
13 февруари 2026

Бугарија прва во ЕУ по брзина на вработување по дипломирањето

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Фрчкоски: Образовното право на Албанците не смее да стане политичка колатерала

МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Столе Велков: Македонија никогаш нема да има поголем сојузник од Бугарија

МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Бизарна случка во Тетово: Жена евидентирана како почината од 2006 година родила дете во декември 2025

СВЕТ
13 февруари 2026

Просечната плата во Бугарија достигна 1369 евра – раст од 11% за една година

МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Влатко Нацевски: Гоце Делчев не треба да биде точка на судир меѓу Македонија и Бугарија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
13 февруари 2026

Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8

СВЕТ
13 февруари 2026

Бугарија ќе произведува одбранбени дронови од нова генерација во партнерство со германски гигант

МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Саше Политико: Најлудата работа ми беше кога сам го бркав Амди Бајрам во сред Шутка

СВЕТ
13 февруари 2026

Белата куќа: Меланија Трамп посредуваше за враќање на шест деца во Украина и Русија

СВЕТ
13 февруари 2026

Германија вети уште 5 ракети „Патриот“ за Украина

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
13 февруари 2026

Израел ги повика Иранците на соработка со Мосад

МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Филипче: Повеќе ѝ веруваме на DEA отколку на Владата на Мицкоски

МАКЕДОНИЈА
13 февруари 2026

Инструкции за заштита при земјотрес: Не користете лифт и застанете под носечки ѕид

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега