Активни повеќе пожари во земјава
Активни повеќе пожари во земјава. Пожарот што избувна во околината на Битола е делумно локализиран и нема опасност од негово ширење кон градот и населените места, информираат од Центарот за управување со кризи.
Двајца пожарникари се повредени, но се наоѓаат надвор од животна опасност. Формиран е и кризен штаб на општината кој доцна синоќа одржа координативен состанок. Оттаму велат дека сите потребни ресурси за пожарникарите и преостанатите вклучени во борбата со огнената стихија ќе бидат обезбедени.
Над 50-тина пожарникари се вклучени во гасењето на огнот. Противпожарни екипи останаа на терен и во текот на ноќта.