ЦУК: 10 пожари се сè уште активни
Во текот на вчерашниот ден, како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), имало вкупно 28 пожари на отворено од кои 10 се сè уште активни.
Едни се гаснат или се ставаат под контрола, потоа се активираат нови и нови. Ветрот дополнително ги разгорува пламените јазици. Македонија побара помош преку европскиот механизам. Пристигнат српски хеликоптер и дејствуваше на терен. Северниот сосед најави и други летала.
Хеликоптер пристигна и од Чешка, а од Германија се најавени два Ер-трактори.
Маж од Радовиш уапсен поради подметнување пожари, МВР најави жестоки казни за оние кои намерно ги палат огновите.