ДКСК оформи предмет за патувањето на синот на Мицкоски во Вашингтон
Државната комисија за спречување на корупцијата, оформила предмет по допрен глас за патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон. Претседателката Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека е оформен предмет по сопствено наоѓање од написи во медиумите.
Додава дека веќе се обратиле до генералниот секретаријат на владата и побарале информација за тоа кој патувал заедно со премиерот во Вашингтон, односно да потврдат дали синот на Мицкоски патувал со него на товар на буџетот и во која функција. И
спратена е документацијата, а рокот за одговор на институциите, додава таа, е 15 дена.