македонија12 септември 2024 Дурмиши: Следи намалување на основните прехранбени производи
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши информираше дека со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, утре до крајот на денот, Министерството за економија и труд во соработка со Министерството за земјоделство и со Министетството за финансии ќе подготви листа на производи кои ќе бидат вклучени во есенска потрошувачка кошница –листа на околу 100 основни прехранбени производи (земјоделски и прехранбени)
„Работната група ќе направи симулација за ограничување или на цените или на маржите на овие 100 производи. Значи ќе се направат пресметки со намалување на маржите на 5%, 10% или 15% на трговија на мало или замрзнување на цените на одредено ниво. Симулацијата треба да даде информација кое ќе биде најповолното решение за крајните цени за потрошувачите и какви ќе бидат фискалните импликации од оваа мерка. Предлогот и симулацијата на оваа есенска потрошувачка кошница ќе биде доставена до Владата на следната седница и ќе донесеме одлука за намалување на цените на овие основни прехранбени производи за крајните потрошувачи“ кажа министерот Дурмиши.