македонија29 октомври 2024 ДЗР: ЈСП не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги
МОН две години не плаќа за бесплатниот превоз на студентите, за секој извозен километар се прави трошок од два денари, а приход од еден денар – ова го покажа извештајот на Државниот завод за ревизија за работата на ЈСП.
Субвенциите од речиси 11 милиони евра за претпријатието не се доволни за одржливост и за развој на јавниот градски превоз.
Ревизорот утврди дека ЈСП, заклучно со крајот на 2023 година, на приватните превозници им должи над 93 милиони денари. Поради ова, тие работат со намален капацитет и не можат да обезбедат превоз на линијата во договорениот обем.
Ревизијата укажува и на проблемот со недостигот на возачи кои треба да ги управуваат автобусите.