Европскиот комесар за управување со кризи им се заблагодари на државите кои помагаат во гасењето на пожарите во С. Македонија
Европскиот комесар за управување со кризи Јанез Ленарчич објави дека ЕУ, преку Механизмот за цивилна заштита, мобилизирала помош за да одговори на вонредната ситуација предизвикана од шумските пожари во Северна Македонија. Во објава на Х, тој им се заблагодари на Словенија, Турција и Србија за нивната брза реакција да и се помогне на таа држава.
\
„Како одговор на итната состојба во шумските пожари во Северна Македонија, мобилизиравме помош преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Им благодарам на Србија, Словенија и Турција за нивната брза понуда за помош, распоредувајќи вкупно четири хеликоптери и два авиона за да помогнат во гаснењето пожари“, нагласи Ленарчич на социјалната мрежа Х.
Противпожарен хеликоптер „Камов К-32“ со капацитет од пет тони вода, со седум припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија од хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни ситуации, денеска во 9 часот и 30 минути ќе тргнат кон Северна Македонија.
Тие ќе бидат ангажирани за ганење на пожарот на планината Серта.