Истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ
Наредната недела Социјалдемократите ќе избираат претседател на партијата, откако по изборниот пораз Ковачевски си поднесе оставка од партиската функција. Рокот за регистрација на членовите на СДСМ кои ќе гласаат на внатрепартиските избори закажани за 30-ти јуни истекува денеска.
За функцијата се пријавија четворица кандидати- поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски.
За избор на новиот претседател не е предвиден цензус, а за избран лидер на партијата ќе се смета оној кој ќе ја добие поддршката од мнозинството членови кои гласале на внатрепартиските избори.