19 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу денеска поднесе оставка од својата функција, која ја достави до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Со овој чекор, Алиу соопшти дека го заокружува едно поглавје од својата професионална и институционална ангажираност во Министерството за образование и наука.
Во писмената изјава, Алиу изрази благодарност за довербата и поддршката што ја добил при извршувањето на функцијата, која, како што посочи, ја извршувал по втор пат. Тој упати благодарност до политичката партија Алтернатива, до нејзиниот претседател Беким Сали, како и до поранешните претседатели Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими. Благодарност изрази и до своето семејство и пријатели.
Сепак, заминувањето на функционер од ресор како образованието привлекува внимание, со оглед на значењето на секторот и реформските приоритети што стојат пред него.
Засега нема информации кој ќе биде предложен за нов заменик-министер, ниту дали ќе следуваат дополнителни кадровски промени во Министерството за образование и наука.
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

