македонија29 ноември 2024 МВР: Исени: Нови канцеларии на управни служби во ОВР Струга, креираме услуги поблизу до граѓаните - 29 НОЕМВРИ 2024
Нови простории на управните служби во Струга: Заменик министерот Исени присуствува на отворањето
Струга, 23 октомври 2023 – Заменик министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, денеска присуствуваше на отворањето на новите простории на управните служби на Основната полиција во Струга. На настанот, кој се одржа во старата зграда на општина Струга на улицата „Маршал Тито“, Исени нагласи важноста на подобрувањето на условите за работа на вработените, како и за лицата кои ги користат овие услуги.
„Преку меѓусебна соработка со општина Струга и градоначалникот, овозможено е просториите на Отсекот за управни служби и Отсекот за оружје во Струга да се префрлат во старата општинска зграда. Во таа насока, МВР пристапи кон реновирање на приземјето со цел да овозможи подобри услови за вработените и граѓаните, а во насока на нормално функционирање на службите. Со ова се излегува во пресрет на граѓаните на Струга и регионот, во иднина своите права и обврски од овој делокруг да ги вршат на еден подостоинствен начин“, изјави Исени.
Заменик министерот истакна дека Министерството за внатрешни работи активно работи на реновирање и отворање на нови канцеларии на управни служби ширум Македонија, со цел да се овозможи побрз и поквалитетен пристап до услугите кои им се потребни на граѓаните.
„МВР е решено целосно да го смени изгледот и начинот на функционирањето на управните служби низ цела Македонија бидејќи тие се пред се лицето на државата“, додаде Исени.
Со новите простории, граѓаните на Струга и околината ќе добијат подобри услови за работа и полесен пристап до административните услуги, што ќе придонесе за подобрување на општиот квалитет на живот во регионот.