од Вардарски
На плоштадот во Кавадарци утре од девет часот ќе биде поставена книга на жалост за фудбалерот Андреј Лазаров кој беше една од жртвите во трагедијата во Кочани.
Лазаров го загуби животот како фудбалер на Шкупи, но во минатото неколку сезони помина и во дресот на клубот од Кавадарци, па така Тиквеш сака да оддаде почит на својот поранешен фудбалер.
„Општинскиот фудбалски сојуз – Кавадарци, утре од 9 часот на градскиот плоштад во Кавадарци ќе постави книга на жалост во чест на прерано згаснатиот живот на НАШИОТ ХЕРОЈ – АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ кој даде огромен придонес со своите настапи за ГФК Тиквеш и фудбалот во град Кавадарци. Да дадеме последна почит за вечно да го паметиме Андреј“, стои во објавата на социјалните мрежи.
Книга на жалост за Лазаров отвори и Горица од каде што летово врати во Македонија и потпиша за Шкупи.