TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од премиерот Мицкоски поради навреди и притисок врз нејзината работа

09 јануари 2026

• од Станча Јаќимовски

Јавната обвинителка Ленче Ристоска побара јавно извинување и повлекување на навредливите и, како што наведува, целосно измислени тврдења што премиерот Христијан Мицкоски ги изнесе во неодамнешно интервју за порталот „Вечер.мк“. Повод за реакцијата се изјавите во кои Мицкоски, без да ја спомене по име, ја нарече „медиокритет“ и потврдно се согласи со квалификацијата дека станува збор за „клиентелистичко-политичка матрица“, при што од контекстот јасно се заклучува дека се однесуваат на Ристоска.

Обвинителката ваквите изјави ги оценува како навреди и неосновани професионални дисквалификации кои директно го нарушуваат нејзиниот личен и професионален интегритет. Таа информира дека веќе презела институционални и лични чекори за заштита на својата чест, углед и самостојност во вршењето на јавнообвинителската функција.

„Во интервјуто претседателот на Владата изнесува неточни и понижувачки вредносни судови, имплицирајќи дека сум ‘медиокритет’ со ‘клиентелистичко-политичка матрица’, а дополнително ме поврза и со целосно измислени тврдења за изјави кои не сум ги дала, со очигледна тенденција да се доведе во прашање мојот професионален интегритет“, наведува Ристоска во писмената реакција.

Таа писмено го известила премиерот со барање за јавно извинување и повлекување на спорните наводи, а воедно доставила и известување до Советот на јавните обвинители. Во дописот до Советот укажува дека ваквиот јавен говор од страна на премиерот претставува нарушување на самостојноста на јавниот обвинител.

Ристоска нагласува дека актуелниот контекст ја прави ситуацијата особено чувствителна, имајќи предвид дека премиерот Мицкоски воедно е и претседател и законски застапник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која е опфатена со кривични постапки во кои таа постапува како јавен обвинител.

„Претседателот на Владата има јасен правен интерес од исходот на овие постапки. Поради тоа, изјавите ги доживувам како несоодветен притисок врз мојата работа и обид да се влијае врз моето постапување и одлучување“, наведува таа.

Ристоска е јавна обвинителка во ОЈО Скопје, обвинителка за врски со Европравда и поранешен член на згаснатото Специјално јавно обвинителство. Таа и понатаму ги застапува предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, кои се однесуваат на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ и во кои се бара и конфискација на партиското седиште.

Наводите за кои реагира Ристоска беа изнесени од Мицкоски во интервју поврзано со реформските закони во правосудството и предложените измени на Кривичниот законик. Во тој контекст, премиерот остро ги критикуваше поединците од поранешното СЈО кои реагираа на законските решенија, оценувајќи ги како „медиокритети“ со политичка агенда.

Ова не е прв судир меѓу Ристоска и ВМРО-ДПМНЕ. Во октомври минатата година таа остро реагираше на партиско соопштение во кое беше нарекувана „тажен симбол за неправда“ и „ѕвезда на пропаднатото СЈО“, по што исто така побара јавно извинување и најави можност за тужба.

Ристоска во повеќе наврати истакна дека како јавен обвинител има не само право, туку и обврска јавно да реагира кога се загрозуваат независноста на обвинителството, владеењето на правото и нејзиниот професионален интегритет, потенцирајќи дека нејзината работа е насочена исклучиво кон заштита на јавниот интерес и борба против криминалот, без оглед на политичката припадност на сторителите.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
17 јуни 2026

Бугарскиот европратеник Влчев: Северна Македонија нема место во ЕУ додека не ја запре омразата кон Бугарите

МАКЕДОНИЈА
17 јуни 2026

Француската амбасада со остра осуда за палењето на бугарските возила во Скопје: „Ништо не оправдува ваков напад“

МАКЕДОНИЈА
17 јуни 2026

Зијадин Села: Не се откажуваме од визијата на Алијанса за Албанците

МАКЕДОНИЈА
17 јуни 2026

САШО ОРДАНОВСКИ: Македонското општество е дезориентирано, со песимизам тешко се гради демократија

СВЕТ
17 јуни 2026

Бугарски невладини организации најавуваат двочасовна блокада на границата со Македонија во недела

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
17 јуни 2026

Денеска 17 јуни 2026 година се празнува Свети Митрофан, првиот патријарх Цариградски

СВЕТ
16 јуни 2026

УНИКА Бугарија со импресивен раст од 33% во првиот квартал на 2026 година

СВЕТ
16 јуни 2026

Дури 100 милиони евра само за батерии: Детали за новиот проект на OMV Petrom во Бугарија

СВЕТ
16 јуни 2026

70-годишен скопјанец физички нападнат во Карпош

СВЕТ
16 јуни 2026

Скандинавците воодушевени: Бугарски бренд доминира во маркетите во Шведска, Норвешка и Холандија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

Кривична пријава за инспектор од Крива Паланка: Наредил кршење катанци на приватни резервоари за вода

МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

Уапсен маж од прилепско: Се шетал со воздушна пушка по булеварот „Прилепски бранители“

МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

Жена со секира демолира банкомат во Ресен: Видеото кружи на мрежите, полицијата расчисти за што станува збор

ВРЕМЕ
16 јуни 2026

Подгответе се за пеколни жештини: УХМР најавува натпросечно топло и сушно лето

МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

Кривична пријава за жител на Миладиновци: Истоварил 43 буриња со амонијак на државно земјиште

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

Бугарскиот политичар Стојан Таслаков: Почитта кон Бугарите е минимален стандард кој мора да се исполни

МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

ПО ТРАГИЧНИОТ ИНЦИДЕНТ КАЈ „МАШКА ПЛАЖА“: Градоначалникот на Струга со иницијатива за плажи без педалинки

СВЕТ
16 јуни 2026

Бугарска семејна пекарница од Хасково ја освојува Европа со панетоне и бриош

МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

Бугарскиот пратеник Ангел Георгиев бара остри мерки од Софија по опожарените возила во Скопје

СВЕТ
16 јуни 2026

Европскиот парламент го одобри трговскиот договор со САД: Се избегнува нова царинска војна

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
16 јуни 2026

Бугарија е меѓу земјите во ЕУ со најчисти води за капење

МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

Јотова: Палењето на дипломатските автомобили го доживувам како напад врз Бугарија

МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

АХВ спречи увоз на над 23,6 тони замрзнато пилешко месо од Бразил поради ризик од птичји грип

МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

Врховниот суд пред сериозни предизвици: Недостигаат судии, пари и кадар, а вработените го тужат за 70.000 евра

МАКЕДОНИЈА
16 јуни 2026

Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата против младите кои го демолираа кафе-барот „Класик“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
16 јуни 2026

Денеска 16 јуни 2026 година се празнува Светиот свештеномаченик Лукијан

СВЕТ
15 јуни 2026

Бугарија: Металуршкиот гигант „Алкомет“ отвори нов погон со инвестиција од 70 милиони евра

СВЕТ
15 јуни 2026

ЕУ е подготвена да ги започне преговорите за членство со Украина и Молдавија веќе во јули

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега