„Подравка Македонија“ со демант: Коцките за супа се наоѓаат во магацини и воопшто не се дистрибуирани
„Подравка Македонија“ го демантира вчерашното соопштение на АХВ за незбедните коцки за супа кои се повлекуваат од македонскиот пазар. Како што велат од компанијата, во наведениот текст, неточна е секоја информација која упатува на присутност на производите: говедска коцка со серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка со серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година на полиците во продажните места на македонскиот пазар.
-Во согласност со својата праксa за општествено одговорно работење и односи со потрошувачите, компанијата Подравка, a по извршениот инспекциски надзор од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ги известува своите потрошувачи дека производите: говедска коцка со серија 0507241, со рок на употреба до 05.07.2025 година и пилешка коцка со серија 0307241, со рок до 03.07.2025 година, се наоѓаат во магацините на Подравка Македонија и воопшто не се дистрибуирани во малопродажната мрежа