Полицијата веќе има информации за неколку предизвикувачи на пожари
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вечерва изјави дека полицијата веќе има информации за неколку предизвикувачи на пожари.
Зборувајќи за забраната за движење во шума, Ангелов рече дека ниту еден планинар досега не предизвикал пожар и оти пожарите секогаш избувнуваат во близина на урбани средини, ниви или стрништа и дека има и подметнати пожари како во Кавадарци.
На прашањето дали е лоциран човекот, директорот на ЦУК негира, вели дека се трага по него и дека не се знае неговиот идентитет, но и дека тешко може да се најде.
Пожарникарите наишле на четири купишта со гранки запалени од нив. Пожарот почнал да се шири. Тие кога го изгаснале ги виделе и огништата кои се намерно направени, рече Ангелов.
Директорот на ЦУК информираше дека во земјава се активни десетина пожари, како и дека попладнево има нови.