18 февруари 2025
• од Вардарски
Вчера со судска наредба, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.
При претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот. Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.
Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од МВР.
Вучиќ предупредува на напади од сите страни — дали Белград се плаши од Бугарија?
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

