Продолжува седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците
Во Собранието денеска ќе продолжи седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. На дневен ред на продолжението на седницата се неколку годишни извештаи.
Пратениците ќе го разгледуваат годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи, Годишен извештај за работата на Агенцијата за администрација, Годишен извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија и Годишен извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, сите за 2023 година.
Седницата почна во средата со разгледување на годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година.