Пронајдени седум мигранти кај Гевгелија – приведен малолетен криумчар од Скопје
На 15 април 2025 година, околу 20 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, открија обид за криумчарење мигранти во близина на мостот на Серменинска река, во село Мрзенци, општина Гевгелија.
При полициска контрола на патничко возило марка „Хјундаи“, со скопски регистарски таблички кои всушност припаѓале на друго возило, биле пронајдени седум мигранти од Египет. Возилото го управувал малолетен лице од Скопје, кој веднаш по забележувањето на полициските службеници се обидел да побегне, но бил фатен и приведен на лице место.
Мигрантите биле пренесени и сместени во прифатно-транзитен центар, каде што ќе им биде овозможена соодветна грижа, согласно процедурите.
По целосно документирање на случајот и во координација со надлежниот јавен обвинител, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава поради сомнение за извршено кривично дело поврзано со криумчарење мигранти.
Полицијата продолжува со засилен надзор и контроли во пограничниот регион, со цел спречување на нелегалната миграција и заштита на националната безбедност.