TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Само 8 проценти од Ромките се вработени, повеќето се соочуваат со дискриминација на работното место

06 март 2026

• од Станча Јаќимовски

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) го презентираше тематскиот извештај за дискриминацијата на жените Ромки во областа на работните односи, во пресрет на Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Извештајот има цел да укаже на значењето на еднаквоста, недискриминацијата и заштитата на правата на жените, особено на оние кои се соочуваат со повеќекратна и интерсекциска дискриминација.

Во документот се анализира состојбата со дискриминацијата во работните односи во периодот од 2022 до 2024 година, при што се даваат и препораки за институционални и системски мерки за надминување на структурните бариери со кои се соочуваат Ромките при вработувањето.

Според податоците од пописот во 2021 година, Ромите сочинуваат околу 2,53 проценти од вкупното население во државата. Сепак, економската состојба на оваа заедница покажува сериозни разлики во однос на останатото население. Во 2023 година општата стапка на невработеност изнесувала 13 проценти, додека кај ромската популација достигнувала дури околу 67 проценти.

Особено загрижувачка е состојбата со вработеноста на жените Ромки. Според извештајот, само 8 проценти од нив се вработени, што укажува на значителна структурна исклученост од пазарот на трудот. Голем дел од Ромките работат во неформалниот сектор, каде што најчесто немаат социјална и здравствена заштита и имаат ограничен пристап до програмите и мерките за вработување.

Членот на Комисијата, Зекир Абдулов, посочи дека бројот на поднесени претставки за дискриминација е многу низок, иако проблемот е широко распространет.

„Од 407 новоотворени случаи во 2024 година, приближно 40 проценти се однесуваат на потенцијална дискриминација на работно место или при вработување. Сепак, само три случаи се поврзани со дискриминација врз Роми во областа на вработувањето, а само во еден од нив е утврдена дискриминација“, изјави Абдулов.

Тој објасни дека Комисијата постапува по претставки поднесени од граѓани, при што се разгледуваат аргументите на двете страни – подносителот на жалбата и лицето или институцијата против која е поднесена претставката. По разгледувањето на случајот, Комисијата утврдува дали постојат елементи на дискриминација и изготвува мислење со препораки за отстранување на неправедната положба во која се наоѓа дискриминираното лице.

Во однос на улогата на судовите, Абдулов појасни дека во некои случаи судските одлуки го потврдуваат мислењето на Комисијата, но има и случаи кога пресудите се спротивни.

„Судот е независен орган, а нашата ингеренција завршува со покренување прекршочна постапка доколку не се постапи по нашите препораки“, додаде тој.

Во извештајот се нагласува дека правното и економското зајакнување на Ромките е клучно за зголемување на користењето на механизмите за заштита од дискриминација, како и за нивно поголемо учество во процесите на донесување политики кои директно ги засегаат.

Абдулов го посочи и проблемот со испразнетите работни места во јавната и државната администрација. Според него, во случаи кога Роми ќе ја напуштат својата позиција, на тие работни места често повеќе не се вработуваат припадници на ромската заедница, што претставува сериозно прашање кое бара институционално внимание.

И покрај одреден напредок, реалноста покажува дека жените Ромки и понатаму се соочуваат со бројни предизвици, вклучително дискриминација, родово базирано насилство, економска нееднаквост и недоволна застапеност на раководни позиции.

На крајот, беше упатен апел до носителите на одлуки да креираат политики засновани на еднаквост, до работодавачите да обезбедат еднакви можности и услови за работа, а до јавноста – да придонесе во надминување на стереотипите и предрасудите и во заштита од секаков вид насилство и дискриминација врз жените.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
10 април 2026

Хорор во Скопје: Брутално насилство врз малолетник ја шокира јавноста

СПОРТ
10 април 2026

Бугарија со 2:0 против Македонија, обезбеден бараж

СПОРТ
10 април 2026

Пукна тиквата во Вардар: Поделби, неисплатени плати и клуб на работ на штрајк

МАКЕДОНИЈА
10 април 2026

ДУИ: „Националната“ стратегија за култура е селективна, исклучувачка и против Албанците

СВЕТ
10 април 2026

Нов граничен пункт меѓу Бугарија и Северна Македонија доби зелено светло од еколошките власти

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
10 април 2026

ВЛЕН: Албанците не се алатки, туку се закон

МАКЕДОНИЈА
10 април 2026

Полицијата лиши од слобода 10 возачи поради безобѕирно управување низ државата

МАКЕДОНИЈА
10 април 2026

ЕЕС стапи во целосна примена: нов дигитален режим на границите на ЕУ

МАКЕДОНИЈА
10 април 2026

Шекеринска за Рацин.мк порачува – Северна Македонија е безбедна и активен сојузник на НАТО

МАКЕДОНИЈА
10 април 2026

Нето средствата на задолжителните пензиски фондови во Северна Македонија бележат пад во март

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
10 април 2026

Фон дер Лајен алармира: Орбан ја става ЕУ безбедноста во ризик со врски со Кремљ

ДРУГО
10 април 2026

10 април 2026 – Велики Петок: на Светите Христови Страдања

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Али Ахмети испрати писмо до Трамп поради загрозување на Охридскиот договор

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Адвокат Бајрами: Албанскиот правосуден испит е целосно легален

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Професорката Ана Чупеска: Се удира во темелите на државата и се загрозува Охридскиот договор

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Работела со лажна диплома, директорка добивала закани – ѝ било запалено и возилото

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Бугарски европратеник: Софија ќе употреби вето за секоја промена на европскиот консензус за С. Македонија

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Истражување на ИППСИ: Алармантен пад на писменоста кај учениците – генерации што читаат, но не разбираат

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Албански експерт: Без Албанците, Северна Македонија ќе се распадне за 24 часа

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Албанец од С. Македонија дел од Artemis II – мисијата на NASA кон Месечината

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
09 април 2026

Сијарто наводно споделувал доверливи информации со Русија, покажува истражување

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Помалку работници, повеќе пензионери во Македонија: ревизорите предупредуваат дека системот е под притисок

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

80% од жените плаќаат за гинеколошки услуги што треба да бидат бесплатни во С. Македонија

СВЕТ
09 април 2026

Бугарски институт стои зад новата AI технологија на Netflix за видео уредување

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Илире Даути: Албанскиот јазик е официјален – институциите мора да го почитуваат законот

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
ДРУГО
09 април 2026

Денеска е Велики Четврток – што задолжително треба да направат домаќинките

МАКЕДОНИЈА
09 април 2026

Арбер Адеми за Euronews: Албанскиот јазик е гарантиран со Амандманот 5 од Уставот на С: Македонија

МАКЕДОНИЈА
08 април 2026

Амбасадорот на Италија: Легитимно барање на студентите за полагање на испитот на албански јазик

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега