македонија20 ноември 2023 Санкционирани 225 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 225 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ПОЦ.
Во периодот од 13.11. до 19.11.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 95 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во соопштението.