21 март 2025
• од Вардарски
Европската унија во своите одбранбени иницијативи треба да вклучи и што повеќе сојузници, кои не се членки на Унијата, порача заменик генералната секретарка на Алијансата, Радмила Шекеринска во обраќање пред Комитетот за безбедност и одбрана на Европскиот парламент (СЕДЕ).
Шекеринска нагласи дека во актуелниот безбедносен контекст во кој Европа се соочува со нестабилност и закани од многу правци „наша најсвета должност е да ги чуваме нашите луѓе безбедни“.
Таа истакна дека НАТО и ЕУ се природни и незаменливи партнери и затоа е важно да продолжи зајакнувањето на нивната меѓусебна соработката, при тоа поздравувајќи го Планот „Ревооружување на Европа“ на Еврокомисијата, зголемувањето на инвестициите во одбраната од страна на членките на Унијата, како и европската поддршка за Украина.
Шекеринска потенцира дека Унијата може да го искористи својот уникатен економски потенцијал за зајакнување на одбранбеното производство, иновациите и воената мобилност во согласност со воените планови, способностите и стандарди на НАТО.
Таа ги поздрави иницијативите на европско и национално ниво за зголемување на трошоците за одбраната и за зајакнување капацитетите и подготвеноста, истовремено истакнувајќи дека трансатлантските односи остануваат камен-темелник на европската безбедност. Во своето обраќање пред европратениците, таа ја истакна и потребата од „посилен европски столб во рамките на силно НАТО“.
ССМ излегува на улица на 28 јануари, ќе се бара минимална плата од 600 евра
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

