TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Шведската амбасадорка: Додека не се внесат Бугарите во уставот, Скопје е надвор од ЕУ

21 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Амбасадорката на Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон-Џејн, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, изјави дека уставните измени се очигледно следниот клучен чекор во процесот на евроинтеграција на земјата.

„Свесна сум за загриженоста на македонската страна за тоа што следува понатаму, но велиме: помогнете ни за да ви помогнеме, бидејќи навистина сакаме да помогнеме. Сè додека уставните измени не бидат усвоени, топката е во дворот на Скопје. Но, штом се усвојат, тогаш таа ќе биде во дворот на Европската Унија – на земјите-членки и институциите. Потоа, ние ќе треба формално да се погрижиме за почетокот на преговорите“, изјави Ларсон-Џејн.

Таа додаде дека евентуално воспоставување механизам за градење доверба би бил добредојден, но дека во моментов е најважно да се види напредок од македонска страна. „Силно го поддржуваме проширувањето и ја поддржуваме оваа држава во нејзината јасно декларирана цел – членство во ЕУ“, нагласи амбасадорката.

На прашањето за стравувањата во Северна Македонија дека може да има нови барања од бугарска страна, поврзани со работата на заедничката комисија за историски и образовни прашања, Ларсон-Џејн рече дека не е запознаена со деталите на нејзината работа, но потенцира дека е важно двете земји да разговараат како добри соседи.

„Дел од добрососедските односи е способноста да седнете и да разговарате со добра волја. Историјата секогаш има различни перспективи – и ние во Скандинавија сме се соочувале со слични предизвици. Но, самото разговарање е европска вредност“, рече таа.

Амбасадорката истакна и дека во Европската Унија постои „силна енергија“ за проширување, предизвикана од руската инвазија врз Украина, и дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, дала јасни насоки до еврокомесарите да ги подготват институциите за тоа.

„Проширувањето го гледаме како инвестиција во мир, безбедност и просперитет – и за ЕУ, но и за регионот. Знам дека македонските граѓани го слушаат ова веќе долго време, но верувам дека сега има реална шанса која мора да се искористи“, додаде Ларсон-Џејн, посочувајќи дека Северна Македонија може да биде меѓу предводниците на новиот бран на проширување.

Сепак, таа предупреди дека уставните измени не се единствениот услов за членство во ЕУ.

„Понекогаш имам впечаток дека во Македонија постои перцепција дека уставните измени се сè што е потребно, а тоа не е така. Основни теми во преговорите се владеењето на правото, демократијата, човековите права и борбата против корупцијата“, нагласи амбасадорката.

Таа истакна дека агендата за реформи е одговорот на државата на планот на ЕУ и оти е близу моментот кога напредокот ќе треба да биде јасно евидентиран. „Знаеме дека почетокот беше добар, програмата беше амбициозна, а Брисел го призна тоа. Сега сакаме да видиме брзо и енергично спроведување на реформите“, заклучи амбасадорката Ами Ларсон-Џејн.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Албанците над 30% во осум министерства, под 15% во клучни институции

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Скопје, Софија, Рим, Тирана и Букурешт со заедничка порака: Коридорот 8 е приоритет

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Драган Мишев: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а не Бугарија, се кочничари за ЕУ-интеграцијата на Македонија

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

СДСМ: Владата на Мицкоски се луксузира додека работниците протестираат за повисоки плати

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Од стара облека до нови можности – ЕУ поддршка за одржлива мода во Северна Македонија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

СДСМ: Нема одговор зошто Мицкоски одел на море со владин авион

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Скопјанец тврди: „Безбеден град“ ме казни за туѓа брзина – шест дена докажував дека сум невин

МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

Апелација ја потврди пресудата против Насер Селмани: Аларм за слободата на изразување

СВЕТ
18 февруари 2026

Бугарија со тројца дипломати на првото заседание на Советот за мир на Трамп

СВЕТ
18 февруари 2026

Две бугарски салати меѓу трите најдобри во светот според TasteAtlas

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
18 февруари 2026

ДУИ: Поднесовме кривична против министерот за правда за попречување на албанскиот јазик

ДРУГО
18 февруари 2026

Денеска 18 февруари 2026 година се празнува Светата маченичка Агатија

СВЕТ
17 февруари 2026

Канада бара поблиска соработка со еврозоната

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Корубин: Антибугарскиот сентимент е наследство од Југославија

СВЕТ
17 февруари 2026

ЕУ подготвува нови санкции против Русија пред 24 февруари

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

СДСМ: Владата ја доведе државата во изолација, транспортните компании се селат надвор

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Бугарија го отвори прашањето за омраза и насилство кон Бугарите во Северна Македонија пред Советот на Европа

СВЕТ
17 февруари 2026

Осомничен за лојалност кон Исламска држава планирал напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Силјановска-Давкова упати честитка по повод 18-годишнината од независноста на Косово од Србија

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Осумдесетгодишник извлечен од пожар, МВР „цензурира“ и AI-жртва

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
17 февруари 2026

На 24 јуни Бугарија добива прва аџилак рута до моштите на Свети Јован Крстител

МАКЕДОНИЈА
17 февруари 2026

Ажурирана состојба на патиштата на 17.02.2026 во 08:00 часот

СВЕТ
17 февруари 2026

Вучиќ предупредува на напади од сите страни — дали Белград се плаши од Бугарија?

СВЕТ
17 февруари 2026

Древна бактерија од романска ледена пештера отпорна на модерни антибиотици

ВРЕМЕ
17 февруари 2026

17 февруари 2026: Облачно со врнежи од дожд и снег и засилен северен ветер

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

ССМ утре ја блокира Владата, последен ултиматум пред штрајк

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

Будимпешта хит-дестинација на владиниот „лирџет“: Николовски најчест патник, Мицкоски летал до Јадран, Гаши патувал и со сопругата

МАКЕДОНИЈА
16 февруари 2026

За една седмица регистрирани 4.490 сообраќајни прекршоци преку системот „Сејф сити“

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега