Сончево и многу топло, температура до 43 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. УВ-индексот ќе има вредност 10.
Во Скопје сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 41 степен.