19 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Полициски службеници од СВР Струмица на 17 јануари 2026 година во село Старо Балдовци го лишија од слобода Џ.А. (25) од село Нова Маала, струмичко.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето било барано по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна во траење од 10 месеци. Казната е изречена за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.
По лишувањето од слобода, Џ.А. е спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Струмица, каде ќе ја доиздржи изречената затворска казна.
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

