18 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Тетовка од село во околината на градот пријавила во полицијата дека станала жртва на измама, откако две лица ѝ побарале 500 евра со ветување дека ќе ѝ завршат постапка за добивање надоместок за туѓа нега.
Според информациите од дневниот Билтен на Министерството за внатрешни работи, во СВР Тетово вчера во 15:15 часот 59-годишната жена пријавила дека била измамена од Х.Н. од тетовско и уште едно машко лице.
Тие, во текот на 2024 година, ја довеле во заблуда дека ќе ѝ обезбедат решение со кое ќе може да прима социјална помош – т.н. туѓа нега. За таа цел, од неа побарале и зеле 500 евра.
Жената, како што се наведува во пријавата, подготвила документи и на крајот на 2024 година добила официјално решение со кое ѝ се одбива барањето. И покрај тоа, измамниците продолжиле да ја убедуваат дека наскоро ќе ги добие парите, по што целосно го прекинале контактот со неа.
Откако сфатила дека е измамена, оштетената случајот го пријавила во полиција. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и за утврдување на одговорноста на лицата вмешани во измамата.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден