24 мај 2026
• од Темелко Тошев
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Велислава Петрова-Чамова, испрати јасна порака до македонските власти: фокусот на преговорите за членство во Европската Унија треба да биде меѓу Скопје и европските институции, а не директно со Софија.
Во изјава за БНТ, по средбата со нејзиниот македонски колега, Тимчо Муцунски, што се одржа на 22 мај, Петрова-Чамова нагласи дека Бугарија останува отворена за конструктивен дијалог, но потсети на јасната рамка во која треба да се одвива процесот.
Според бугарската министерка, желбата на Скопје за напредок кон ЕУ е очигледна, но одговорноста за исполнување на неопходните услови лежи исклучиво на страната на државата кандидат.
„Сметаме дека во овој случај разговорот е на ниво на европски институции и соодветно држава кандидат, за која се надеваме дека ќе ги направи потребните чекори за да продолжи умешно напред по својот европски пат“, истакна Петрова-Чамова.
Покрај политичките прашања, фокусот на разговорите со Муцунски беше ставен на инфраструктурното поврзување, кое е од клучно значење за регионалната безбедност и НАТО алијансата.
Петрова-Чамова особено го истакна значењето на Коридорот 8, кој го оцени како исклучително важен проект.
Со оваа порака, официјална Софија уште еднаш го потенцира својот став дека напредокот на Северна Македонија зависи од исполнувањето на критериумите дефинирани во европската рамка, притоа ставајќи акцент на економското и стратешкото поврзување како двигател на стабилноста во регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

