македонија12 септември 2024 ВЛЕН: Нема Закон за бранители без Закон за решавање на статусот на борците на УЧК
Коалицијата ВЛЕН нема да дозволи усвојување на Закон за бранители доколку истиот не биде во пакет со Закон за решавање на статусот на воините на УЧК, велат од владејачката коалиција ВЛЕН (ВРЕДИ).
„Изјавата на Блерим Беџети е потврда дека генерален покровител на овој предлог на СДСМ е ДУИ. Законот за бранители е напишан во Мала Речица и даден на извршување на СДСМ со единствена цел – предизвикување меѓуетнички тензии“, велат од коалицијата Вреди.
„Македонската и Албанската опозиција влечат потези во страв од кривичен прогон за политичка корупција. Замислете, после 7 години власт и моќ за решавање на отворените прашања, сега во првите 100 дена им текна да ја злоупотребуваат 2001 за зачувување на нелегално стекнатиот имот. Блерим Беџети наместо да глуми наивност, нека го праша Талат Џафери за собраниските процедури, бидејќи тој го предводеше процесот на креирање и усвојување на овој Деловник во претходниот пратенички мандат.
Коалицијата ВЛЕН нема да дозволи усвојување на Закон за бранители доколку истиот не биде во пакет со Закон за решавање на статусот на воините на УЧК. Манипулациите на ДУИ се прочитани и никој повеќе не наседнува на нивните замки. Нема бегање од одговорност!
За потсетување, и во минатиот парламентарен состав беше изгласан дневниот ред за истиот закон кој влезе во собраниска постапка, кога беа разрешени и министрите од Алијансата за Албанците. Значи ова не е прв пат што овој закон влегува во собраниска постапка, но исходот ќе биде ист“, стои во реакцијата на ВЛЕН.