Антони Марсијал го напушта Манчестер Јунајтед
Манчестер Јунајтед ќе се раздели со Антони Марсијал ова лето, тврди Фабрицио Романо.
Се очекува напаѓачот да замине како слободен играч кога ќе му истече договорот на крајот од сезоната 2023/24.
И Марсијал ја прифати судбината дека ќе ги напушти „црвените ѓаволи“.
28-годишниот Французин никогаш не можеше целосно да го развие својот потенцијал на „Олд Трафорд“.
Оваа сезона има 2 гола и 1 асистенција на 19 натпревари.