Бугарскиот маратонски пливач Петар Стојчев со „тројна круна“ во пливањето во отворени води
Бугарската пливачка ѕвезда во отворени води Петар Стојчев, веќе е носител на т.нар. тројна круна, во маратонското пливање, откако по преминување на Ла Манш, пливањето околу островот Махатон, го преплива и каналот Каталина во Јужна Калифорнија.
Растојанието од 32,3 километри Бугаринот го препливал во понеделникот за 8 часа, 42 минути и 33 секунди.
Така тој ја заврши тројната круна со вкупно време од 22 часа, 8 минути и 46 секунди, подобрувајќи го своето претходно најдобро време за 2 часа и 29 минути.
Тројната круна ја постигнаа 332 луѓе откако Алисон Стритер првпат го воспостави добро познатиот стандард за маратонско пливање во 1987 година.
Покрај Ла Манш и Каталина, Стојчев веќе ги препливал Гибралтарскиот проток, протокот Кук на Нов Зеланд и Молокаи на Хаваите. Во неговото CV недостасуваат Северниот канал помеѓу Ирска и Шкотска и теснецот Цугару во Јапонија.