Литванија ја искористи предноста против Гибралтар во нервозен натпревар
Литванија поведе со тесно 1-0 по првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на нации Ц со Гибралтар. Натпреварот беше доста нервозен, бидејќи двата тима завршија со по 10 играчи на теренот.
Гибралтар прв загуби вреден играч. Тоа се случи во 27. минута кога Дејл Колинг доби директен црвен картон.
Литванија ја искористи бројната предност и во 60. минута успеа да поведе со голот на Армандас Китчус.
Во 71. минута и гостите останаа со намален состав, откако во соблекувалната поради црвен картон отиде и Едвинас Гирдваинис.
На крајот Литванија го доби натпреварот и ќе има предност пред реваншот на домашен терен на 26 март.