Радев ја награди одбојкарската репрезентација на Бугарија за девојки до 18 години, за освоеното прво место на Европското првенство во одбојка
Бугарскиот претседател Румен Радев ја награди со Почесна плакета на претседателот, одбојкарската репрезентација на Бугарија за девојки до 18 години, која го освои првото место на Европското првенство во одбојка за кадети во женска конкуренција.
„ За мене беше задоволство, што ја доделив почесната плакета на шефот на државата на бугарската одбојкарска репрезентација за освоената титула на Европското првенство за жени до 18 години. Бугарскиот народ отсекогаш успевал да се искачи по стрмниот пат на победата и да зачекори на врвот на светската слава со помош на својот нескротлив дух и волја. Првото место на девојките е уште еден доказ за силата на бугарската одбојкарска школа, но и одговорност за самите нив. Тие се веќе пример за посветеност и трудољубивост и се надевам дека нивните напори и успеси ќе ги натераат бугарските деца да ја претпочитаат одбојкарската мрежа наместо растечката привлечност кон социјалните мрежи“, изјави претседателот на Бугарија Румен Радев.