Албанија и Македонија се разделуваат на патот кон ЕУ: Тирана започнува преговори за полноправно членство
Албанија започнува преговори за полноправно членство во Европската унија. Земјите членки едногласно решија процесот да започне.
Официјално, ова ќе се случи на меѓувладина конференција помеѓу Европската унија и Албанија на 15 октомври. Тогаш ќе биде отворено и првото поглавје од преговорите.
Неофицијални извори од Брисел коментираат дека ова значи разделување на Тирана и Скопје на нивниот пат кон Европската унија.