23 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Бугарските ски-центри Банско и Боровец се најдоа меѓу првите три најдостапни ски-дестинации во Европа, според најновиот индекс за пристапност објавен од ИзиЏет, пренесува БГНЕС.
Истражувањето ги анализира просечните трошоци за ски-карти, изнајмување опрема, сместување, транспорт и пијалаци, со цел да се издвојат десетте најповолни ски-центри на европскиот континент.
Првото место на ранг-листата му припадна на Банско, кој е прогласен за најбуџетска ски-дестинација во Европа. Лоциран во подножјето на Пирин Планина, курортот нуди исклучително пристапни цени – пиво за околу една фунта, дневна ски-карта под 50 фунти, изнајмување опрема за околу 15 фунти и ноќевање по цена од приближно 45 фунти. Овие показатели го прават Банско особено атрактивен за туристи кои бараат квалитетно ски-искуство по разумна цена.
На третото место се најде Боровец, најстариот ски-центар во Бугарија. Со 58 километри уредени патеки распоредени во три ски-зони на планината Рила, курортот е особено погоден за скијачи со средно ниво на искуство, но и за рекреативци кои ја ценат комбинацијата од добра инфраструктура и прифатливи трошоци.
Второто место на листата го зазеде Бјалка Татшанска во Полска, позната по мирната атмосфера и одличниот однос меѓу цена и квалитет, што ја прави привлечна за почетници, семејства и организирани групи.
Менаџерот на ИзиЏет за Обединетото Кралство, Кевин Дојл, истакна дека целта на индексот е да им помогне на патниците полесно да ги планираат своите зимски одмори и да откријат дестинации каде сместувањето, изнајмувањето опрема и угостителските услуги се нудат по исклучително поволни цени.
Меѓу останатите ски-центри на листата се најдоа Бардонекија во Италија, Пал-Аринсал во Андора, како и Саузе д’Улкс во зоната Виа Латеа. Вклучени се и француските Ле Дез Алп и Морзен, кои нудат автентично алпско искуство со просечни дневни трошоци од околу 80 фунти.
Резултатите од истражувањето ја потврдуваат сè поголемата популарност на источна и централна Европа како атрактивна и економична алтернатива на традиционалните алпски ски-дестинации.
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

