23 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Бугарија во оставка, Румен Радев, денес официјално ќе ја напушти претседателската функција, со што ќе заврши неговиот мандат на чело на државата.
Од претседателската администрација на „Дондуков“ 2 информираа дека Радев ќе ја напушти институцијата во 16:00 часот. Во понеделникот тој му се обрати на бугарскиот народ со свое последно обраќање, во кое официјално ја објави својата оставка.
Радев ќе биде свечено испратен од претседателската институција од потпретседателката Илијана Јотова, која, согласно одлука на Уставниот суд на Бугарија, ќе ја преземе функцијата шеф на државата.
Уставниот суд денес ќе одржи седница во 10:00 часот, на која треба официјално да ја потврди одлуката за преземање на функцијата од страна на Јотова, со што ќе се обезбеди институционален континуитет во раководењето со државата.
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

