Променливо облачно време со слаб дожд и засилен северен ветер
Денеска не очекува променливо облачно време со услови за слаб локален дожд. Во одделни котлини, маглата ќе ја намалува видливоста, создавајќи дополнителни потешкотии за сообраќајот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието, што ќе предизвика чувството на студ да биде поизразено.
Во главниот град, Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а во некои делови од котлината ќе има појава на магла со услови за слаб дожд. Северниот ветер ќе дува со слаб до умерен интензитет.
Возачите се предупредуваат на внимателност поради намалена видливост во магливите делови. Температурите ќе останат пониски, па се препорачува топло облекување.