Сиљановска-Давкова со ОН: Потребни се реформи за поефикасна организација
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска имала средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед, и се обратила пред постојаните координатори на ОН од Европа и Централна Азија.
Претседателката изрази сочувство за трагедијата во Кочани, истакнувајќи дека државата правилно ги испратила повредените на лекување во странство. Во дискусијата за Обединетите Нации, Сиљановска-Давкова нагласи дека организацијата треба да се реформира за да биде поефикасна и да се справи со современите глобални предизвици.
Сиљановска-Давкова посочи дека Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН мора да се модернизираат и станат поодговорни во решавањето на глобалните проблеми.
Таа исто така ја потврди посветеноста на земјата за имплементација на Целите за одржлив развој, со акцент на климатските промени и владеењето на правото.