Иван Динев: Некои размислувања по разправата во собраниската комисија за уставни прашања
Пишува: Проф. д-р Иван Динев Иванов, Универзитет во Синсинати
На расправата во комисијата за уставни прашања во Собранието на Република Северна Македонија (РСМ) што се одржа 25 jули 2023 г. се повторија некои од познатите манипулации користени од Скопската елита, за тоа како Бугариjа ги негира македонскиот јазик, култура и идентитет (што е апсолутно невистина), се потврди идејата дека амандманите за внесување на неколко делови од народи во уставот на С. Македониjа се прифатливи, но не на овој начин под некаков “имагинерен” притисок и под наводни “бугарски уцени.”1 Дебатите, исто така, ја заострија дискриминаторската реторика против македонските Бугари – на пример дека тие се “вештачко малцинство” и дека не треба да им се дозволат колективни права како заедница – како и реториката против соседна Бугарија, вклучително со реафирмација на тези за историската етногенеза на македонскиот народ кои подполно се отфрлени од светската историографија.2
Настрана од оваа добро позната во последните две години манипулативна реторика, седницата на комисијата покрена бројни важни прашања за иднината на интеграцијата на РСМ во ЕУ. Првото од нив се однесува на тоа дека некои од билатералните проблеми се ставени во мултилатерален формат преку преговарачката рамка. Ваквиот аранжман е пред се од интерес на С. Македониja, бидеjки преговарачкиот процес е исклучиво асиметричен, а не рецирочен процес во кој земјата-кандидат ќе треба да се усогласи со барањата на ЕУ за да ги исполни критериумите и очекувањата за членство. Во оваа ситуација во коjа ЕУ е инволвирана во билатералните прашања, на Република Бугарија би било многу потешко да ја искористи својата позиција на членство и да поставува нови или модифицира постоечки барања, бидејќи Европската комисија допрва ќе служи како филтер за тоа кое од тие барања или очекувања е прифатливо во интеграцискиот процес, а кое не е.
На второ место, токму воведувањето во мултилатералниот преговарачки процес на билатерални проблеми поврзани со образвниот систем (напр. Учебниците по историја), отворањето на досиејата и рехабилитациjата на жртвите од времето на комунизмот, како и намалувањето на говорот на омраза ќе овозможи да се затворат овие прашања во текот на преговарачкиот процес на разумен, европски начин, гарант за кое е токму посредничката улога на ЕУ. Алтернативата – овие билатерални проблеми да се внесат во ЕУ по зачленувањето на РСМ – претставува непотребен ризик за дополнително дестабилизирање на Унијата. Одговорност на двете општества е да се погрижат овие прашања да не се оставаат на идните генерации.
На трето место, нема никаков проблем дебатата за заедничката историја и наследството на комунизмот да се одвива паралелно со процесот на адаптација кон заедничкиот пазар и политиката на конкуренција на ЕУ и со изпроведувањето на реформи во земјоделството и животната средина. На крајот на денот, историчарите и социолозите не треба да преговараат за пазарни регулативи, екологија, квоти и субвенции, a економистите и стручниците не треба да се грижат за идентитетот и наследството на Гоце Делчев, Дамjан Груев и Коста Солев Рацин. Слично како и средношколците кои треба да учат природни науки и математика заедно со општествените и хуманитарни науки, македонската елита треба да пристапи холистички во процесот на реформирање и модернизација на целото свое општество.
Конечно, дискусијата во собраниската комисиja покрена три многу важни прашања поврзани со првиот Копенхашки критериум за “стабилноста на институциите кои гарантираат ја демократијата.”3 Прво, вознемирувачки е фактот дека во земја што сака да започне преговори за пристапување во Европска Униjа, се поставува прашањето дали претставник на едно малцинство (во овој случај етнички Албанец) има право да преговара во име на македонската држава. Во споредба со тоа, во периодот 2001-2005 година дипломатиjата на Бугарија и преговорите со ЕУ беа предводени од представник на еврејската заедница (Соломон Паси) и никој не си дозволи да доведе во прашање дали тогашниот министерот за надворешни работи има право да преговара во име на бугарскиот народ.
Второ, во дебатата беа наведени податоците за етничкиот состав на населението на Република Бугарија од пописите спроведени во 50-те години на 20 век под сталинистичко владеење како веродостоен извор за современата етничка припадност на населението во земjата, што е неприфатливо за било кој демократски стандард.
Трето, доколу оние кои се против уставните амандмани спротивставувjки се на вклучувањето на бугарскиот народ во уставот на РСМ, гласаат против одлуката за измена на Уставот од страна на Собранието и не предложат амандман коj што сепак би вклучил другите предложени заедници—хрватскиот, народ црногорскиот народ, еѓипќанскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и еѓипќанскиот народ—тоа би значело дека тие се ефективно против вклучувањето и на овие пет делови од народи во уставниот поредок на земјата.4 Така испаѓа дека опозицијата ќе има проблем не само со Бугарите, туку и со Хрватите, Црногорците, Слвенците, Евреите и Еѓипќаните, што би можело да се протолкува како форма на омраза и кон тие заедници, вклjучуваjки го и антисемитизмот.
Очигледно станува збор за постјугословенски елити кои работат со истите недемократски методи кои доведоа до војните во Хрватска и Босна и кои продолжуваат до ден денес да манипулираат со нивните општества и да го дестабилизираат регионот на Западен Балкан — од Босна и Србија до Косово и С. Македонија! Како што отбелевува професорот Џак Снајдер од Колумбијскиот универзитет, тие елити “често се отворено непријателски настроени кон целосното доделување на граѓански права“ и завршуваат со “усвојување програма на милитантен национализам“ која што носи со себе “веројатност за постојани конфликти со соседните држави.”5 Во тоj контекст нека се запрашаат македонските граѓани зошто нивната земја е прва по финансиски измами меѓу земјите од Западен Балкан по податоци на ОЛАФ (речиси половина од сите измами) и зошто поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски посочи како можна опција за државата да се откаже од евроинтеграциите и за возврат да добие некаков статус што ќе ѝ овозможи на земјата пристап до финансиски ресурси кои раководството да може да распределува без контрола.
Повеќе од очигледно е дека, барем некои делови од македонската политичка елита, не се заинтересирани да спроведуваат агенда за интеграцијата во ЕУ, бидејќи не сакаат да ја реформират, модернизират и демократизират нивната татковина. Дополнително, овие лидери не се заинтересирани да го спроведат владеењето на правото и да развијат капацитет за преземање на обврските од членството, бидејќи второто ќе ја ограничи нивната способност да ги унапредат нивните посебни интереси, да го промовират системот на покровителство и клиентелизам преку партизациjа, како и да ги реализираат нивните криминални и коруптивни шеми. Оттука, преговарачката рамка и барањата на ЕУ “под бугарски диктат“ се многу пригодени изговори за спротивставвување на модернизацијата со цел да се зачува моментното статус кво.
Исто така, треба многу јасно да се стави до знаење дека сите политички кругови во Скопје и во Брисел се свесни дека е незамисливо менување на преговарачката рамка кое да исклучи дел од условите за добрососедски односи со Бугарија и Грција. Во тој контекст, преговорите за Брегзит jасно покажаа дека ЕУ стои цврсто на ставот да не се дозволува унилатерално менување на условите за пристапување или напуштање во корист на тие кои сакаат да се зачленат или отчленат бидејќи тоа би ја загрозило кохезијата на Унијата. Оттука, оние кои тврдат дека е можна нова рамка за преговори, го прават тоа со намера да ја лажат и манипулираат македонската јавност за да постигнат краткорочни и евтини политички поени.
И на крај, што значи тоа дека ако сепак не се случат уставни амандмани, С. Македонија ќе биде изолирана? Се разбира, како сојузник на НАТО и членка на големите меѓународни организации (вклучувајќи го и актуелен претседавач на ОБСЕ), РСМ нема да се соочи со никакви дипломатски или политички реперкусии како например санкции – на крајот на денот тоа е одлука на поединечна земја-аспирант за ЕУ дали сака да биде дел од униjата или не. Една нација не може да биде казнета за тоа дека одлучила да промени своjот надворешнополитички курс и да не се приклучи на одредена меѓународна организациjа. Сепак, тоа значи дека ќе има директни политички и економски последици за односот на земјата кон ЕУ. Како почеток, Албанија ќе ги отвори преговарачките кластери, додека Северна Македонија не – тоа исто така носи финансиски последици бидејќи идното финансирање од ЕУ може и вероjатно ќе биде блокирано, а тоа ќе има директни импликации за економската благосостоjба на РСМ.
Што е најважно, тоа значи дека македонската политичка класа е таа којa ќе се соочува со изолација се додека не се усвојат уставните амандмани. Можеме лесно да очекуваме дека одредени политички партии ќе бидат исклучени од нивните политички семејства (најзначајно ДПМНЕ ќе биде изкучено од Европската народна партија слично на партиjата Фидес на В. Орбан), нивното учество на меѓународни форуми ќе биде бојкотирано и некои од лидерите би можеле во тоа време да си ги најдат нивните имиња на различни црни листи. Таквата форма на политичка и дипломатска изолација можеби не чини скапо за лидерите на некои поголеми земји, но може да биде ефективна алатка во справување со елитите на помалите, посиромашните и помалку развиените земји во источна Европа чиj економски развоj зависи од членството во ЕУ.
Како заклучок, се чини дека овоj сосема обичен уставен амандман во РСМ претставува сам по себе сериозен тест за трансформативниот капацитет на Европската Униjа врз земите кандидатки. Многу скоро времето ќе покаже дали Унијата може да биде успешна во неизната борба против манипулативните и клептократски елити на Западен Балкан, а и не само таму.
1 Никола Мицевски, Комисија за уставни прашања, Собрание на Репулика Северна Македониjа, 25.07.2023, https://youtu.be/vfIZ-ZS76XE
2 Димитар Апасиев, Комисија за уставни прашања, Собрание на Репулика Северна Македониjа, 25.07.2023, https://youtu.be/-BtvLp9ev5w
3 European Union Accession Criteria (Copenhagen criteria), EULexDatabase, https://eur–lex.europa.eu/EN/legal–content/glossary/accession–criteria–copenhagen–criteria.html (26.7.2023 г.).
4 Елизабета Велјановска-Најдеска “За Вторник: Постапка за Измена на Уставот, “ МИА, 7 ноември 2022 г., https://mia.mk/ (26.7.2023 г.).
5 Jack Snyder, From Voting to Violence: Democratization and Nationalist Conflict. New York and London: WW Norton and Company (2000), p. 53.
Преземено од трибуна.мк