Проф. Милен Михов: Џорџ Орвел, Блаже Конески и „Т'га за југ“
Пишува: Проф. д-р Милен Михов историчар за bgnes.bg
„Иднината е наша, што значи дека и минатото станува наше. Зборовите се кажани во 1945 година од македонскиот... Блаже Конески. Подоцна во Југославија е „канонизиран“ како „творец“ на македонскиот јазик. Државната власт управувана од комунистите кај Вардар врши целосна контрола врз животот и иднината на луѓето, а тоа гарантира монопол над минатото, кое може политички целисходно да се моделира.
Мислата на Конески му претходи три години на она што го напиша Џорџ Орвел во неговиот познат роман „1984“, кој претставува футуристичка слика на тоталитарно општество заснована на принципот „контрола над реалноста“. Овој принцип, формулиран од познатиот британски писател во 1948 година, гласи: „оној кој го контролира минатото ја контролира иднината. Оној што ја контролира сегашноста го контролира и минатото“. Во својот роман, Орвел ги опишува активностите на Министерството за вистина, чија главна задача е пропагандна манипулација врз основа на политичка целисходност и конјуктура.
Политичките мајстори крај Вардар си поставија за цел да ја воспостават комунистичката власт како „национална“, а за тоа е потребно враќање на „изгубеното“ минато на народот. Војната за „историјата на македонскиот народ“ е претставена како битка за историската „вистина“, против фалсификатите, предрасудите и слоевите, создадени пред сè од бугарската историографија. Во случајот „македонски“, ако си дозволиме да ја парафразираме мислата на Карл фон Клаузевиц дека војната е продолжение на политиката со други средства, можеме да кажеме дека историјата станува продолжение на политиката со други средства.
Историјата заедно со јазикот се двата главни елементи на кои се гради нов идентитет во склад со политички конструираната реалност во Вардарска Македонија. Денес за многу луѓе прашањето за македонскиот јазик звучи неразбирливо, па дури и досадно. Дебатите за ова се јавуваат во врска со уште една криза во односите со Скопје или при ажурирање на проблемот со евроинтеграциите на нашиот југозападен сосед. Во оваа смисла, примамливо е повторно да се вратиме на романот на Орвел и на новата верзија на англискиот јазик опишан таму, наречена „Newspeak“ (нов говор/јазик - з.н.). Овој нов јазик мора постепено да го замени англискиот, дефиниран во романот како „стар говор/јазик“ и да подлежи на прецизно дефинирани принципи од властите. Според овие принципи, целта на новиот говор не е само да обезбеди изразно средство за соодветни погледи и начин на размислување, „туку и да ги направи невозможни сите други начини на размислување“ и на крајот, кога стариот говор/јазик ќе биде променет, треба еднаш засекогаш „да ја прекине последната врска со минатото“.
Значењето на создавањето службен јазик во Вардарска Македонија како федерална единица на комунистичка Југославија на крајот на Втората светска војна тешко може подобро да се илустрира. Минатото мора да се заборави за да се преобликува во сегашноста. Процесот на кодификација на македонскиот јазик траеше повеќе од половина година, помина низ создавање на три јазични комисии и се одвиваше под строга контрола на Белград.
Главниот конфликт е поврзан со азбуката и јазичната основа врз која ќе се развива новиот „официјален“ јазик. Партиската номенклатура поврзана со Белград има задача без никакви промени да ја воведе српската азбука одобрена од Вук Караџиќ на почетокот на 19 век и со тоа да го предодреди развојот на официјалниот јазик во новата федерална република.
Во 1944 и 1945 година, еден од главните заговорници на идејата за пишување на македонскиот јазик со српска азбука е Блаже Конески, кој денес е „канонизиран“ за татко на македонскиот јазик и чиешто име го носи Филолошкиот факултет во Скопје. Во македонската верзија на Википедија, Конески е дефиниран како една од најзначајните фигури во процесот на кодификација на македонскиот стандарден јазик и прв човек на современа Македонија низ дваесеттиот век. Таткото на македонскиот јазик потекнува од угледно српско семејство, од мали нозе го научил српскиот јазик и пред војната студирал на Универзитетот во Белград под името Благој Коневиќ. По уништувањето на Југославија во 1941 година, тој пристигнал во Софија и станал студент на Софискиот универзитет под името Благој Конев, а по промените во есента 1944 година, брзо стапил во новата влада кај Вардар како соработник на одделот за „Агитација и пропаганда“ (Агитпроп) на Централниот комитет на Комунистичката партија.
Новопокрстениот син на партијата се спротивставува на оние интелектуалци кои инсистираат јазикот да се развива врз основа на јазичен континуитет и да ги одразува карактеристичните црти на бугарскиот говор во Македонија. Главен претставник на ова интелектуално гледиште е Венко Марковски, кој подоцна ќе ја доживее трагедијата на Титовите репресии и ужасот на комунистичкиот концентрационен логор Голи Оток.
Конески изјавил дека во претходните години се користеле две кирилични азбуки – српска и бугарска, и бил убеден дека на сите им е јасно „колку е полесно се учи и колку е попрактична вуковата азбука од бугарската кирилица“. Главниот аргумент изнесен за наметнувањето на српската азбука „е нејзината широка употреба денес во Македонија“. Вуковата азбука е проверена од времето, мнозинството од македонскиот народ се „описменил“ во неа и нема потреба да се прават „нови комбинации“, вели таткото на македонскиот јазик.
Во ноември 1944 година била формирана Првата јазична комисија во која се сретнаа двете струи и бил постигнат компромис кој вклучувал 32 букви. Во проектот за македонската азбука беа вклучени неколку букви од српската азбука, но е зачуван и т.н. „темен вокал“ – буквата Ъ. Конески ја напушта работата на комисијата, останувајќи доследен на идејата за воведување на српската азбука. Одлуките на комисијата не биле прифатени од властите, а во средината на февруари 1945 година била назначена втора комисија за јазикот, која имала политички карактер и ја сочинувале службеници на Агитпроп-от на партијата. Во знак на поддршка на Блаже Конески, специјален пратеник пристигнал од Белград, што довело до конечна одлука за усвојување на српската азбука.
Насилното наметнување на вуковата азбука и поделеноста во партиската елита предизвикале интервенција на Белград, што довело до свикување на Третата јазична комисија. Новата одлука е да се прифати проектот од Првата јазична комисија без бугарската буква Ъ. Работата на комисијата е внимателно подготвена од партиската номенклатура. Членовите на комисијата добиваат усна покана за учество без писмен документ за целиот состав. Постапката предвидува клучното прашање за буквата Ъ да биде предложено како дополнување на проектот азбука од В. Марковски и да се гласа посебно. Прецизно предвидениот состав доведува до поделба на гласовите 5 спрема 5 и бугарската буква е исфрлена од македонскиот јазик. Во одлуката на комисијата, буквата што недостасувала, која „мирисала многу бугарски“ била заменета со апостроф, а пред буквата Р воопшто не требало да се пишува. Значи зборовите „сърце, кръв, дърво и смърт“ сега ќе бидат напишани „срце, крв, дрво и смрт“. Новата азбука била усвоена од Третата јазична комисија на 3 мај 1945 година, а истиот ден била одобрена од владата во Скопје.
Македонската азбука одобрена во 1945 година ги поставува темелите за србизација на јазичните процеси во Вардарска Македонија. Австрискиот професор Фратишек Мареш го дефинира она што е создадено од Третата јазична комисија како „македонска сестра на вуковата кирилица“, а ваквата оценка ја дал ерудит и добронамерен скопски научник.
Целиот текст прочитајте го тука.