Сите жртви на УДБА од мојата поблиска и поширока фамилија
Пишува: Ели Секуловска
-
Стерјо Боздов – прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Роден во Крушево , 1902 година , ќе заврши факултет во Виена и Белград и ќе биде еден од луѓето кои ревносно ќе се бори за да го формираат Медицинскиот факултет во Скопје .Во 1951 година , од непознати причини ќе биде отстранет од општествено – политичкиот живот , маргинализиран , постојано надгледуван од УДБА заради неговото бугарашко минато и ќе му биде забрането да се види со дедо ми, неговиот најблизок прв братучед. Стерјо ќе живее во Куманово , во озвучен стан и за него ќе се води едно од најголемите досиеја . Стерјо Боздов е и кум на моите родители.
-
Рајна Алексова – првата жена фармацевт на Балканот која ќе ги сруши сите доттогаш воспоставени стереотипи . Родена во Битола во 1882 година , ќе го заврши успешно факултетот за Фармација во Лозана ,Швајцарија во 1906 година. Поелс враќањето во Битола , Рајна заминува да работи во болницата во Ќустендил , А а потоа во бугарската болница „Евл. Георгиев“ во Цариград,за на крај да добие дозвола и ја отвора својата прва аптека во Битола каде работи таму се до своето пензионирање . Рајна е убиена во 1959 година во Битола , и тоа убиство се уште не е расветелно до крај . Извршителите на убиството на Рајна не беа соодветно казнети . ,Мислам и дека не одлежаа и во затвор или многу малку беа.Рајна Алксова е прабаба на мојата прва братучетка од нејзината мајчина страна.
3 .Коста Секуловски , врвен хирург во Воената Болница во Скопје , Медицински факултет во Скопје и специјализација во Франција ,мојот стрико кој никогаш нема да ја заборави таа 1949 година , кога како дете беше и тој однесен во УДБа додека го малатретирале неговиот татко и го уценувале со децата за да каже каде се парите и златото. Стрико ми на крајот трагично ќе го заврши својот живот. Инаку еден од луѓето кои ја формираа лекарската комора во Македонија .
-
Татко ми , Сотир Секуловски , кој ќе биде израснат со својата баба затоа што неговите родители ќе бидат во затвор , а исто така и него ќе го однесат во УДБа во 1949 година . Ќе си ги види родителите седнати на столици , врзани , двајцата свртени со грбовите , каде ги испитуваат каде им се парите . Татко ми ќе биде задржан околу десет часа во УДБа , во посебна просторија , дете од свои 11 години , па на цел глас ќе вика помош ( ден денес не ми е кажано што му се случило на татко ми). Поле средното образование , без никакви средства за живот заминува во Виена каде ќе работи во фабрика за просизводство на млеко во прав за потоа да замине во Белград каде успешно ќе го заврши правниот факултет.
-
Дедо ми, Христо Секулов , директен потомок на тројцата познати Илинденци , едниоТ Министер во Крушевската Република, со својата способност и неверојатна интелигенција , ќе сеобразува во Солунската гимназија на француски јазик , за потоа да замине во Нарбон и Тулуз , Франција каде ќе го дооформи своето високо образование . Одлично говорел француски , англики , грчки . Во 1926 година ќе го добие екслузивното право на консигнација , па ќе тргува со целиот свет . МенаЏџер , работник , одличен економист . Во 1949 годиа е упасен заедо со целата негова фамилија и прво осуден на казна со стрелање., но во последниот час Нижеполецот се свестуваа дека им требал , па го остава жив . Осуден на 14 години робија во Идризово за ништо . За да му ги земат парите , а притоа да истресат низа на обвибненија од ракав против него .
-
Баба ми , Ели Секуловска , осудена на две години затвор во Идризово . Извршена невидена тортура над неа од страна на Нижеполецот , тогашниот началник на УДБА , па и сексуална агресија . Баба ми починува од последиците на тортурата.
-
Глигур Секулов, брат на дедо ми , осуден на 12 години во Добој . Конфискација на цел имот , пари и злато. Глигур се враќа со нарушено псигичко иј физичко здравје .
-
Петар , прв комунист , кој во 1936 година ја формираше Комунистичката партија во Битола. 1949 година уапсен , однесен на Голи Оток во Петрова Рупа и во 1953 година , погубен од страна на тамошните удбашки дилајли.
Значи , билансот на жртви во мојата фамилија е пет лица над кои им е извршена директна физичка агресија , двајца убиени , две жени страдаа ( Рајна убиена , баба ми починува како последица од теророт )мизогинијата на прв план , и трауми врз врз сите поколенија . С терјо Боздов беше предмет на мека агресија .
Сите овие луѓе имаа беспрекорни биографии , без ниту една дамка . Во 1949 година доаѓа “Нижеполецот” и сите ги уништува .
Иако сите овие луѓе несебично се жртвувале за Македонија положувајќи го своето знањење и интелектуален капацитет , сите беа унштени, диретно или индиректно.
Ве замолувам да ни се вратат парите кои беа украдени од страна на “Нижеполецот” ( упатените знаат кој бил ) , а после ова што ни го направивте , сакаме да си заминеме од Македонија и никогаш да не чуеме за Македонија .
А за тоа што не неправивте рехабилитација , нека ви тежи цел живот како камен околу вратот.
Пола фамилија ни е исселена , сега и ние . Да , исселени , понжени , токму од земјата на нашите прадедовци Илинденци , од земјата за која цела фамилија несебично твореа и создаваа,
Поддршка имаме и од меѓународни организации , а пишав и до американските конгресмени .