28 февруари 2026
• од Гоце Кически
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека досега 11 македонски државјани официјално побарале евакуација од Израел, во услови на зголемени безбедносни ризици и неизвесна безбедносна состојба во регионот.
Според информациите од Министерството, институциите се во постојана комуникација со граѓаните кои се наоѓаат на територијата на Израел, при што се преземаат сите неопходни активности за нивно безбедно извлекување. Во координација со дипломатско-конзуларните претставништва и партнерските служби, се разгледуваат можностите и динамиката за евакуација, во согласност со развојот на настаните на терен.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изјави дека државата внимателно ја следи состојбата и дека безбедноста на македонските државјани останува врвен приоритет. Тој потенцираше дека амбасадите и конзуларните тимови во регионот се активно ангажирани во обезбедување поддршка и навремена помош за сите граѓани кои имаат потреба.
Министерот нагласи дека земјата стои покрај своите американски сојузници во услови на дестабилизирачки закани на Блискиот Исток, посочувајќи дека дипломатијата останува примарен инструмент за решавање на кризите, но дека превенцијата е клучна кога постојат веродостојни ризици. „Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака“, се наведува во соопштението.
Израелската армија соопшти за најголемата воздушна операција во својата историја
Силна поддршка од Трамп до народот на Иран: Америка стои зад вас со огромна сила
Останува во сила забраната за пиење вода во Струга, заматеноста е намалена
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

