19-годишник од Косово уценувал малолетничка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.Л.(19) државјанин на Република Косово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Имено на 21.12.2023, малолетничка пријавила дека Х.Л. во текот на декември 2023, без нејзина согласност, прибавил експлицитни фотографии, а потоа со намера да се здобие со противправна имотна корист, ја уценувал дека ќе ги објави јавно, доколку не му даде пари.