македонија03 октомври 2024 29 години од атентатот на претседателот Киро Глигоров
29 години од атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. И покрај ветувања дека нарачателите и извршителите ќе бидат пронајдени, досега нема никакви конкретни резултати.
На 3-ти октомври 1995-та година врз претседателот беше извршен неуспешен обид за атентат. Нападот беше извршен со автомобил-бомба на улицата „Македонија“.
Глигоров атентатот го преживеа, со тешки повреди на главата. Загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. На повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер, кој бил случаен минувач покрај местото на настанот.
Киро Глигоров почина од природна смрт на 94-годишна возраст на 1-ви јануари 2012-та година.