30 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во последните години е забележан видлив напредок во областа на трансплантацијата во Северна Македонија, но системот и понатаму во голема мера зависи од една тешка, но длабоко хумана одлука – согласноста од семејството на починат донор. Од Националното здружение на пациенти со механичка поддршка на срцето посочуваат дека еден донор може да спаси до осум човечки животи, што дополнително ја нагласува важноста на органодарителството.
Сепак, државата сè уште заостанува зад европскиот просек кога станува збор за донирање органи. Обезбедувањето согласност од семејствата на потенцијалните донори често претставува предизвик, додека листата на пациенти кои чекаат трансплантација останува долга. За многумина од нив, оваа интервенција не е само медицинска процедура, туку единствена шанса за живот.
Особено ранлива категорија се пациентите кои живеат со механичка поддршка на срцето. Тие секојдневно се соочуваат со неизвесност, здравствени ризици и ограничувања во нормалното функционирање. За нив, трансплантацијата претставува надеж за подобар и поквалитетен живот.
Во меѓувреме, семејното донирање органи е позастапено. Како пример се издвојува случајот на Илчо Ѓовски, кој донирал дел од својот црн дроб за својата деветмесечна ќерка, покажувајќи дека хуманоста и пожртвуваноста можат да направат вистинска разлика.
Од здружението апелираат за подигнување на јавната свест и поттикнување на хуманоста, дури и во најтешките моменти. Тие потсетуваат дека донирањето органи претставува еден од највисоките чинoви на човечност.
Поддршка за оваа кауза даваат и верските заедници, кои го препознаваат органодарителството како чин на милосрдие, љубов и надеж.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

