16 март 2026
• од Вардарски
Гостивар, 16 март 2026 – Триесет и петгодишна жена од Гостивар е приведена откако физички нападнала полициски службеници за време на сообраќајна контрола, информира полицијата.
Според информациите од полицијата, на 16 март 2026 година околу 03:30 часот на булеварот „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници извршиле рутинска контрола во сообраќајот, при што било запрено возило управувано од Д.Ј. (35) од Гостивар.
За време на контролата, жената се однесувала агресивно и физички ги нападнала полицајците кои ја извршувале службената должност.
По инцидентот, таа била приведена и задржана во полициска станица. Против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

