македонија31 декември 2024 Адвокатот Јован Николов кој ја објасни тензијата меѓу Бугарија и Македонија
Во 2023 година Македонскиот адвокат Јован Николов, претседател на здружението „Дело“, кое обезбудва правна заштита од говор на омраза кон Република Бугарија и бугарскиот народ, за бугарскиот медиум ФАКТИ коментираше за зголемениот говор на омраза кон Бугарија во Македонија. Николов потоа зборуваше за петицијата организирана за одземање на бугарското државјанство на лицата кои користеа реторика на омраза против Бугарија и ги објаснуваше историските и политичките причини за оваа тензија.\
Николов сподели дека петицијата за заштита на бугарскиот идентитет, организирана од македонските Бугари, има за цел да го заштити достоинството на бугарската држава и народ. „Како Македонец со бугарски идентитет, ја поддржав оваа иницијатива“, рече тогаш Jован Николов, нагласувајќи дека таквите акции се неопходни за да се спречи бугарското државјанство да се користи за ширење омраза.
Тој призна дека немал детални информации за напредокот на петицијата во тоа време, но истакна дека тоа е одраз на растечкото незадоволство кај македонските Бугари.
Говорот на омраза најчесто го користеле јавните говорници - политичари, медиумски личности и уметници“, објасни Jован Николов во 2023 година. Според него, голема улога во ширењето на оваа појава имаа и социјалните мрежи бидејќи секојдневно се објавуваа навредливи и понижувачки изрази кон Бугарија.
Преку здружението Дело, Николов и неговиот тим работеа на проект за мониторинг на медиумите наречен „Медиумска демократија за европска иднина“. Проектот имаша за цел да ги следи и анализира медиумите во регионот со цел да ги идентификува и да се спротивстави на манифестациите на реторика на омраза насочена кон Бугарија и бугарскиот народ.
Николов тогаш изјави дека тензијата меѓу Бугарија и Македонија не е нова, туку се интензивира откако Бугарија го укина ветото за отворање на преговорите на Македонија со Европската унија.
„Парадоксално, наместо подобрување на односите по овој гест, видовме зголемување на омразата“, коментира тој. Николов истакна дека за проблемот придонесе и немањето реални резултати од работата на заедничката Историска комисија.
Тој потсети дека Бугарија прва ја призна независноста на Република Македонија и ги поддржа нејзините национални симболи - знаме, химна и име, но овие гестови често беа заборавени.
Една од главните теми во односите меѓу двете земји беше вклучувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија, што беше услов за почеток на преговорите за членство во ЕУ.
„Не верувам дека тоа ќе се случи наскоро“, рече тогаш Николов, посочувајќи на немањето доволна поддршка во македонскиот парламент за таква промена.\
Јован Николов изрази жалење што наместо да се градат мостови на пријателство и соработка, тензиите меѓу Бугарија и Македонија се интензивираат. Тој повика на дијалог и употреба на историски извори кои ќе помогнат да се премости јазот.
„Треба да зборуваме за бизнис, култура и образование, а не да останеме на ниво на конфликти од 19 век“, рече тој.