10 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Познатиот македонски актер Владо Јовановски јавно реагираше на актуелната состојба со недостиг на гориво на бензинските пумпи, споделувајќи лично искуство од посетата на бензинска пумпа на „Макпетрол“.
Јовановски раскажува дека отишол на пумпата со намера да ги напумпа гумите на својот автомобил и да наточи бензин во вредност од 1000 денари. Со доза хумор, тој посочува дека неговото возило е произведено во 1999 година и дека е „скоро со ист датум родено како него“.
Додека бил на бензинската пумпа, актерот забележал ситуација која, како што вели, го натерала јавно да реагира. Човек кој стоел зад него побарал дизел гориво, но добил краток одговор од вработените дека дизел нема.
„Зад мене некој бараше дизел. ‘Нема бе’, беше одговорот. А зошто нема? Затоа што сакате поголем профит по 24 часот во понеделник или...?“, прашува Јовановски.
Според него, во вакви кризни ситуации одговорноста не треба да биде само на државата. Тој истакнува дека не е доволно само Владата да обезбедува субвенции и финансиска помош за граѓаните, туку и компаниите кои остваруваат значителни профити треба да покажат поголема општествена одговорност.
„Не треба само Владата на Македонија да дава субвенции како помош за граѓаните во вакви кризни состојби. Треба и вие, на кои ви се полнат џебовите, да бидете општествено одговорни“, порача актерот.
На крајот од својата реакција, Владо Јовановски кусо ја оцени целата ситуација со еден збор – „Срамота“.
Денеска 9 март 2026 година се празнува Наоѓањето на главата на Свети Јован Крстител
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

