01 март 2026
• од Тодор Вангелов
МНР на Државата Катар соопшти за што разговарале државниот министер за надворешни работи, Султан бин Саад Ал Мураихи и Тимчо Муцунски, при што централна тема била неодамнешната воена ескалација во регионот и нејзините сериозни импликации врз регионалната и меѓународната безбедност.
Според официјалното соопштение од Доха, разговорот се одржал во неделата, по телефонскиот повик инициран од македонската страна. Двајцата министри размениле мислења за актуелната безбедносна состојба, како и за можните начини за надминување на споровите преку мирни средства и дипломатски канали.
Ал Мураикхи нагласил дека таргетирањето на катарската територија со ирански балистички ракети претставува „јавно кршење на националниот суверенитет“ на Катар. Тој оценил дека ваквите напади се во спротивност со принципите на добрососедство и не можат да бидат оправдани под никакви околности.
„Катар доследно настојуваше да остане неутрален во регионалните конфликти и да ја олеснува комуникацијата меѓу Иран и меѓународната заедница“, се наведува во соопштението. Сепак, ал Мураикхи подвлекол дека повторените напади врз катарска територија демонстрираат недостиг на добра волја и директно ги загрозуваат темелите на билатералните односи.
Шефот на катарската дипломатија повикал на итен прекин на каква било понатамошна ескалација, враќање на дијалогот и ставање приоритет на разумот и мудроста во справувањето со кризата. Тој истакнал дека е неопходно кризата да се задржи под контрола на начин што ќе ја зачува регионалната безбедност и стабилност.
Од своја страна, министерот Муцунски ја изразил осудата на Северна Македонија за иранските ракетни напади врз катарска територија, оценувајќи ги како јасно кршење на суверенитетот и воздушниот простор на Катар, како и повреда на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.
ИДФ: Елиминирани лидери на „иранската терористичка оска“ во ескалација на конфликтот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

