25 февруари 2026
• од Тодор Вангелов
Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас, денеска престојуваше во Прилеп, каде оствари средба со градоначалникот Дејан Проданоски и со членовите на Општинскиот совет. На состанокот се разговараше за клучните локални приоритети, како и за тековните проекти поддржани од ЕУ кои, според учесниците, веќе даваат конкретни резултати за граѓаните.
Како што информира Делегацијата на Европската Унија, разговорите биле насочени кон унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и европските институции, со акцент на иницијативи што придонесуваат за подобри јавни услуги и развој на општината.
Од Делегацијата потенцираат дека процесот на пристапување кон Европската Унија останува „најјасниот пат“ за отворање нови можности, подобрување на услугите и обезбедување долгорочни придобивки за локалните заедници.
Посетата на амбасадорот Рокас на Прилеп е дел од пошироките активности на ЕУ за поддршка на реформите и локалниот развој низ земјата, со цел приближување на европските стандарди до секојдневниот живот на граѓаните.
Прв ден без прекршок за поминување на црвено од стартот на „Безбеден град“
Бугарија меѓу водечките дестинации за германски инвестиции во Југоисточна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

