28 јануари 2026
• од Вардарски
Поранешниот европратеник и копретседател на бугарската партија ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, упати остра реакција по повод изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со европската интеграција на земјите од регионот, меѓу кои и Македонија.
Џамбаски преку објава на социјалните мрежи го критикуваше Вучиќ, обвинувајќи го дека активно работи против европската перспектива на државите од Западен Балкан. „Дрскиот шумадиец со шајкача се бори Србија, РСМ и Босна и Херцеговина никогаш да не станат дел од Европската Унија. По нарачка на штуката“, напиша Џамбаски, користејќи навредлив тон во својата реакција.
Неговата изјава доаѓа како одговор на ставот на Вучиќ дека неговата политичка борба за европска интеграција не се однесувала само на Србија, туку и на Босна и Херцеговина и на Македонија. Српскиот претседател нагласи дека стабилноста и напредокот на регионот се поврзани со европската иднина на сите земји од Западен Балкан.
Во исто време, Вучиќ не ја исклучи можноста државите од регионот да станат членки на Европската Унија заедно со Украина, преку забрзана постапка, што предизвика дополнителни реакции и различни толкувања во јавноста.
Острите тонови меѓу регионалните политичари уште еднаш ја отворија дебатата за реалните перспективи на Западен Балкан на патот кон Европската Унија и улогата на клучните политички актери во тој процес.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

