24 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Левица со саркастична реакција за образложението на обвинителството и судот во предметот поврзан со Артан Груби
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, со остра и саркастична реакција го коментираше образложението во случајот поврзан со Артан Груби, оценувајќи дека станува збор за, како што наведе, „правен изум“.
Во објава на социјалните мрежи, Апасиев ја проблематизира формулацијата дека осомничениот „сам се пријавил, ама од бегство“, оценувајќи дека таквата конструкција е „нечуена и невидена досега уште од Римското право“.
„‘Сам се пријавил, ама од бегство’ е најновиот правен изум, успешно измислен вчера од страна на предметниот обвинител и судија“, напиша Апасиев.
Тој во продолжение, во ироничен тон, ги повика „колегите професори по кривично право“ да го патентираат овој, како што го нарече, нов концепт и да го објават во научен труд со импакт-фактор. Според него, таков труд би им бил од корист „за реизбор, по новите критериуми на министерката“, алудирајќи на актуелните измени во високото образование.
Реакцијата на Апасиев доаѓа во време кога случајот поврзан со Груби предизвикува засилени политички реакции и различни толкувања во јавноста. Дел од опозициските партии го доведуваат во прашање начинот на кој институциите ги образложуваат и применуваат процесните мерки, додека од надлежните органи засега нема дополнително официјално појаснување во однос на ваквите критики.
Случајот продолжува да биде во фокусот на јавноста, а политичките реакции дополнително ја интензивираат дебатата за постапувањето на обвинителството и судот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

