01 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во отворено писмо испратено до амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Микалис Рокас, алармираше за сериозни безбедносни закани по неа, нејзиното семејство и вработените во Град Скопје, кои, како што тврди, биле оставени без заштита од надлежните институции.
„За заканите врз мене како жена и како некој кој не е дел од ‘јаките’ партии, министерот за внатрешни работи наместо да постапува си тера политика. МВР сè уште нема формално постапено по ниту една од поднесените пријави, иако е загрозена безбедноста на моето дете, моето семејство и вработените во градот,“ нагласува Арсовска.
Во писмото, таа упатува сериозни обвинувања за, како што вели, откриен криминален скандал во кој е вмешан градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и неговата организирана криминална група. Според Арсовска, групата се занимавала со фалсификување и фабрикување документи од повеќе институции, со што незаконски им овозможиле на повеќе лица, меѓу кои и малолетници, да се стекнат со милиони.
„Размерот и дрскоста на овие дела, кои моментално достигнуваат 152 откриени случаи, се алармантни и претставуваат сериозна закана за безбедноста на нашите жители,“ пишува Арсовска, додавајќи дека доказите се потврдени од повеќе јавни институции, правни и физички лица, и дека по нив Основното јавно обвинителство веќе покренало истрага.
Таа посочува и дека инспекторите и вработените кои работеле на случајот биле изложени на закани и насилство, вклучително и сечење на гумите на нивните возила, како и директни закани по животот. Според неа, овие инциденти се пријавени во Министерството за внатрешни работи, но институциите постапуваат премногу споро, што го зголемува ризикот за сите вклучени.
„Кажете и на Марта Кос дека во Македонија мафијата си има своја држава“, стои на крајот од обраќањето на Арсовска до Рокас, со јасна порака за европските партнери дека состојбата со организираниот криминал и институционалната нефункционалност е алармантна.